„Емигранти“ и „Ај да си речиме уште една“ викендов пред охриѓани

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Народен Театар Охрид, овој викенд, односно во петок ќе се прикажува претставата „ЕМИГРАНТИ“ од Славомир Мрожек во режија на Ирена Стеријовска, додека претставата „АЈ ДА СИ РЕЧИМЕ УШТЕ ЕДНА“ во режија на Андреј Цветановски ќе се прикажува во сабота. Почетокот на двете претстави е во 20:00 часот. Влезот чини 100 денари.

Картите се во продажба на билетарата секој работен ден по 15:00 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид.