Средба на градоначалникот Бакрачески со носителите на проектот „Европскиот културен пат на Св.Кирил и Методиј“

Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска оствари средба со делегација од Злинскиот регион, Р. Чешка, носители на проектот „Европските Културни Корени од Св. Кирил и Методиј, Продолжување на Патот“.

„Проектот за градење мрежа од места кои се поврзани со мисијата на Светите Кирил и Методиј во врска со корените во Европа е навистина добар проект и ние како Локална Самоуправа целосно ќе го поддржиме. Очекувам одлична соработка во иднина и гарантирам дека тимот со кој соработувате ќе одговори на нивото на задачата“, – истакна Бакрачески.

Присутните претставници од Злинскиот регион пред градоначалникот ја елаборираа идејата за проектот „Европскиот Културен пат на Св. Кирил и Методиј“ и изразија задоволство од подготвеноста на Локалната самоуправа да учествува во проектот.