Коктел од 40 илјади долари

Американски хотел во градот Кенебанк кој ја одбележува својата 40 годишнина, за својот јубилеј најави дека ќе служи коктел „Ruby Rose“ по цена од 40 илјади долари.

„Ruby Rose“ ќе се служи до крајот на оваа година, почнувајќи од 1-ви јуни, во хотелот „White Barn Inn“. Коктелот се прави од вотка „Hangar 1 Vodka“, свежо исцеден грејпфрут, калинка и лажица сок од рози. Исто така со коктелот оди и рубин од четири карати.

Идејата за додавањето на рубин во коктелот потекнува од шега на еден гостин, кој се пошегувал со вработените во ресторанот, но сепак било утврдено дека рубинот му ја дава посебната боја на овој коктел.

Хотелот, за својот јубилеј ќе го послужува овој коктел, а вработените свесни дека нема да оди лесно, сметаат дека продажба на повеќе од еден коктел ќе биде вистински подвиг.