Општина Охрид организира акција за собирање на отпад од електрична и електронска опрема

Општина Охрид, Сектор за урбанизам и заштита на животна средина по повод одбележувањето на Денот на планетата Земја – 22-ри Април, организира акција за собирање на отпад од електрична и електронска опрема. Овој вид отпад  спаѓа во опасен отпад и не смее да се меша со останатиот комунален отпад. За таа цел овој вид отпад ќе го собира и третира фирма која од Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ има соодветна дозвола.

Акцијата ќе се спроведе во три дена и тоа  на 18, 19 и 20-ти април 2013 година од 10 до 18 часот на две локации:

1. Полигон за мали спортови на ул. „Партизанска“ кај ресторан „Европа“;

2. Просторот пред продавницата за акумулатори „АКУМА ТРЕЈД“ на ул. „15-ти Корпус“ бр.104 на патот за с. Лескоец.

Се молат институциите, фирмите и граѓаните кои поседуваат неисправни монитори, компјутерски процесори, принтери, тастатури и останата компјутерска опрема, како и телефони, вентилатори, звучници, правосмукалки, телевизори и други апарати од домаќинството, да ги донесат до најблиската за нив локација.