Пронајдени стотици мртви свињи и кучиња

Вкупно 410 свињи и 122 кучиња беа пронајдени во провинцијата Хенан, во близина на градот Јанши во Кина, изјавија надлежните.

Градските власти започнаа истрага, а се верува дека масовното угинување на овие животни е поврзано со хемикалиите од фабриките кои се наоѓаат во близина, чие работење е прекинато се додека полицијата не ја заврши истрагата.

Во извештаите од провинцијата Хенан се наведува дека не се пронајдени отровни гасови во воздухот, нити пак штетни материи во водата.

Угинувањето на овие животни не е поврзано ниту со некаква епидемија, ниту пак со птичјиот грип H7N9.

Минатиот месец, беа пронајдени повеќе од илјада мртви свињи во река од која Шангај се снабдува со вода.

Полицијата се сомнева дека можно е да се работи за илегална трговија со месо од мртви животни.