У17 БиХ 2:1 Македонија

Македонската репрезентација до 17 години загуби со 2:1 од Босна и Херцеговина во вториот контролен натпревар одигран на гости во Модрича. Нашата кадетска селекција одлично го отвори натпреварот, со погодокот на Петар Петковски во 5-та минута поведовме со 1:0. Гојак беше двоен стрелец за БиХ, со голот постигнат во 36-та минута израмни на 1:1, победата на својата репрезентација и ја донесе во 50-та минута. Селекторот на нашата репрезентација Јетон Несими натпреварот го започна во состав: Целески, Бочески, Гически, Георгиевски, Дигаловски, Јевтовски, Лазаровски, Курт, Петковски, Здравковски и Кудијан. Во второто полувреме шанса за настап добија Христов, Мирчевски, Георгиев, Николовски и Кочоски. Несими е задоволен од пристапот на фудбалерите, вели дека е штета што добрата игра не ја крунисавме со позитивен резултат.

“Одигравме добар натпревар, не заслуживме пораз. Задоволен сум од играта на репрезентацијата, во поголемиот дел од натпреварот бевме подобар противник. Во лош момент ја загубивме концентрацијата и по наша грешка БиХ постигна втор погодок. Имавме лошо судење, во првото полувреме судијата не досуди пенал за нас во две прилики“, изјави селекторот Јетон Несими.