Пронајдени две планети слични на Земјата

НАСА објави дека според податоците кои ги собрал вселенскиот телескоп Кеплер, откриени се две планети слични на Земјата.

Планетите го сочинуваат најоддалечениот дел од системот на пет небесни тела кои кружат околу ѕвездата Кеплер-62, многу слична на Сонцето.

Кеплер-62е и Кеплер-62ф се наоѓаат во погодната зона за живот, области во кои е можно присуство на вода во течна форма и настанување на живот.

Вселенскиот телескоп Кеплер, НАСА го лансираше со цел да открие планети кои се слични на Земјата, а кои се наоѓаат во орбитите на другите ѕвезди. Овој телескоп, именуван според германскиот астроном Јоханес Кеплер, лансиран е во март 2009 година.

Првобитниот оперативен период на оваа мисија беше 3,5 години, но во 2012, мисијата е продолжена до 2016 година.