Во Париз украден накит вреден милион евра

Во Париз вчера беше извршен напад врз необележано возило во кое се превезувал накит во вредност од милион евра.

Станува збор за накит од златарницата „Van Cleef and Arpels“ кој бил позајмен за снимање на едно фото студио, пренесуваат француските медиуми.

Кога двете лица задолжени за транспортот на накитот излегле од автомобилот за да го однесат накитот во фото студиото, биле нападнати од маскирани лица кои го извршиле нападот пред неколку очевидци.