Започнува реконструкцијата на улиците во општина Охрид

Општина Охрид од денеска започна со санација на ударните дупки на улиците на територијата на општината. Предвидено е санирање на повеќе од 500м² ударни дупки во централното градско подрачје и руралните населби.

Најпрвин предвидена е реконструкција на најфрекфентните улици во градот, а потоа и на улиците во руралните делови на градот.

Во првата фаза, предвидена е и целосна реконструкција на улиците „Радојца Новичиќ“, „Петрино“, „Богомилска“, „Крум Точко“ и крак на улицата „Васил Стефоски“.

Овие комунални активности се само дел од планираното уредување на градот, а во текот на идната недела, во соработка со Агенцијата за патишта на Република Македонија ќе се интензивираат активностите за асфалтирање на сите улици и патни правци кои се наоѓаат на територијата на општина Охрид.