Земјотрес во Кина, најмалку 150 жртви

Во земјотрес со јачина од 5,5 степени кој го погоди југозападниот дел на Кина, најмалку 150 лица го загубија животот, додека пак над 5 илјади лица се повредени.

Земјотресот го погодил подрачјето Лушан во провинцијата Сечуан, каде биле уништени повеќе од 10 илјади куќи.

Пред пет години, при разорен земјотрес во истиот регион, загинаа 70 илјади луѓе.