Студен бран ја погоди Швајцарија

Снег, град и силен ветер, вчера предизвикаа хаос во Швајцарија. Летовите во Цирих се одложени, патиштата блокирани, а многу домаќинства останале без струја.

По летните температури минатата недела, зимата вчера нагло се врати во Швајцарија, а температурите паднаа за околу 20 степени.

Во Женева, каде што минатата недела граѓаните шетале по шорцеви и сандали, сега ги погоди студен ветер со брзина од 70 километри на час. Скоро еден метар снег прекрил некои делови од Алпите.