Одржан натпревар во готвење „Жена домаќинка 2013“

Во саботата традиционално во организација на Националниот Сојуз на Глуви и Наглуви лица на Македонија се одржа натпревар во готвење „Жена домаќинка 2013“ во хотелот Далјан.

На натпреварот учество зедоа 16 екипи од 14 градови од нашата земја, од Скопје, Охрид, Струга, Тетово, Гостивар, Битола, Прилеп, Свети Николе, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кавадарци и Струмица.

Трочленото жири од долгогодишните вешти жени од Охрид, Орхидеја Топенчарова, Родна Пердулоска и Кате Бујароска, имаше тешка задача. 

Првата награда ја понесоа вештите раце на Битолчанки за прекрасно аранжираната велигденска торта, втората награда ја доби екипата од Струга, третото место беше за Гостиварчанки, додека четвртото место и припадна на екипата од Свети Николе.

Сите екипи добија благодарници за учеството од претседателот Васко Марков.

Најголемо внимание привлече албанскиот специјалитет од Дебар кој изобилуваше со различни вкусови: ориз, телешко месо, ореви, суво грозје и цимет кој беше несекојдневен, но привлечен.

Целта на оваа манифестација беше заедничко тродневно дружење и размена на искуства на глувите и наглуви жени од нашата држава кои се трудољубиви и креативни.

ZenaDomakinka2 ZenaDomakinka3