ООУ „Единство“ од Октиси го одбележа Денот на планетата Земја

 Светскиот ден на планетата Земја, 22 април, во ООУ„Единство“ – Октиси, Струга, беше одбележан со низа активности за чистење и разубавување на  околината. Денот на акцијата беше пропратен и со активности од страна на младите истражувачи, драмската и литературно–рецитаторската секција во училиштето. Рецитаторите испратија пораки за чиста и здрава средина, а младите актери ни покажаа како се сади нашата иднина.

 Со овие активности, училиштето се вклучи во светската акција за одбележување на овој ден, со многу луѓе и организации од целиот свет. Целта на овој настан е подигнување на свеста кај луѓето за чување на планетата Земја, заштита на животната средина и почиста околина.

Oktisi2 Oktisi1 Oktisi3WebOhrid