Хуманитарен натпревар помеѓу ветераните на Македонија и ФК Јагодина

Во организација на ФК „Јагодина“, ветераните на Македонија и Јагодина одиграа натпревар од хуманитарен карактер. Нашите ветерани беа дел од хуманитарната акција на ФК „Јагодина“ за собирање средства за рехабилитација на Звонко Милојевиќ. Поранешниот трофеен голман на „Јагодина“ и „Црвена Звезда“ преживеа тешка сообраќајна несреќа пред неколку години, но не губи надеж дека ќе ги надмине здравствените проблеми. Во неговата најголема животна битка му помагаат поранешните соиграчи, пријатели, навивачи.

Во ревијалниот натпревар, македонските ветерани ја победија селекцијата на ветерани на „Јагодина“ со 6:3. Великанот Кирил Дојчиновски ја предводеше нашата селекција.

Игравме во состав: Петар Милошевски, Драган Поповски, Митко Стојковски, Илија Најдоски, Светозар Станковски, Жанко Савов, Игор Ангеловски, Тони Мицевски, Ристе Божинов, Илчо Ѓорѓиоски, Саша Ќириќ, Ванчо Мицевски, Есад Чолаковиќ и Марјан Андревски.

За ветераните на „Јагодина“ играа: Прибановиќ, Јовиќ, Вујачиќ, Мирковиќ, Сретеновиќ, Болиќ, Младеновиќ, Манојловиќ, Обрадовиќ, Костиќ, Милосављевиќ.

MakedonijaJagodina2 MakedonijaJagodina3 MakedonijaJagodina4