Словенецот Ленарчич полета кон Северниот пол

Словенечкиот авантурист Матевж Ленарчич со авионот „пипистрел вирус SW914“ тргна кон Северниот пол. Летот ќе се одвива во десет етапи преку Норвешка, Северниот пол и Канада, за потоа да се врати назад во Словенија.

Авионот е долг 6,5 метри, распонот на крилата е 10,7 метри, тежина 290 килограми, а може да достигне брзина од 300 километри на час. Поради ладното време, авионот е прилагоден за зимски услови.

Ленарчич минатата година со истиот авион ја заобиколи Земјата.