Збогатен книжниот фонд на охридската библиотека

Книжниот фонд на охридската библиотека се збогати со нови наслови. Еден дел од нив се: „Парада на марионетките“ од Евгениј Хоуп, „Американски дервиш“ од Ају Актар, „Нежниот  бунтовник“ од Паскал Гилевски, „Руска зима“ од Дафне Калотеј, „Откриена Кабила“ од Лајтман, „Сопругата на сенаторот“ од Сју Милер, „Македонската еманципација на Балканот“ од Стефан Мицов, „Симболизмот на празниците“ од Лидија Ковачева, „Претходните настани на граѓанската војна во Грција“ од Коле Рошев и многу други.

Покрај тоа Библиотеката повторно ги обнови и дел од лектирните изданија, а набави и литература за најмладите читатели: „Златни приказни за животните“, „Најубавите светски бајки“, „Најубавите руски бајки“, „Букварка броенка“, детските енциклопедии: „Големата книга на природата“, „Народите во светот“, „Најпознатите личности во светот“, како и енциклопедиите на англиски јазик наменети за најмладата популација: “Encyclopedia of animals”, “Picture encyclopedia”, “500 Fantastic facts”.

Книгите се набавени во рамки на проектот за „Обновување на книжниот фонд“, поддржан и финансиран од Министерството за култура на Република Македонија.