Велигденска честитка од градоначалникот Бакрачески до граѓаните на Охрид

По повод најголемиот христијански празник Велигден, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески упати честитка до сите граѓани, но и гости во нашиот град, со желба за здравје, среќа, благодет, љубов и спокој во секој дом.

 „Почитувани сограѓани, почитувани гости во Охрид, драги пријатели со православна христијанска вероисповест,

Чувствувам посебно задоволство и радост што можам на големиот христијански празник ХРИСТОВО ВОСКРЕСЕНИЕ-ВЕЛИГДЕН, на сите православни христијани да им го  честитатам  ПРАЗНИКОТ  и да посакам здравје, среќа , благодет, љубов и спокој во секој дом и во сечие срце.

Христовото воскресение-ВЕЛИГДЕН повеќе од две илјади години е темелот на христијанството во светот, празник од кој што извираат љубовта и надежта и ден кога се велича победата на животот над смртта.

Од овде, од Охрид, од Словенскиот Ерусалим, од столбот на македонската  духовност, пораките за христијанска љубов, верба и надеж имаат поголемо значење. Тие се обвиткани со прекривката на вековите и говорат за длабоките христијански корени на овие простори.

Во овие празнични моменти, посакувам преку нашата цврста вера и молитвите да го најдеме вистинскиот пат за да се надминат искушенијата и премрежијата кои не следат како народ и како држава.

Да го сочуваме духовниот мир и да  направиме хармонијата во нас и околу нас да бидат секојдневие. Да ги почитуваме нашите соседи, пријатели, другари и познаници, без разлика на кого припаѓаат и на кој јазик зборуваат, зошто само со толеранција и разбирање можеме да бидеме поблиску до Христос. Само така ќе можеме да ги избегнеме препреките кои ги носи животот и ќе изградиме силен и цврст Охрид и просперитетна Република Македонија.

Почитувајќи и верувајќи во тие наши вредности, ќе ја обезбедиме благосостојба на нашите граѓани и со силна воља и залагање ќе овозможиме економски развој, просперитет и иднина на  општина Охрид.

Нека ни е честит големиот христијански празник Христово Воскресение- ВЕЛИГДЕН и за многу години.

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА- НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!“