Велигденска честитка од СВР Охрид

Од Министерството за Внатрешни работи на Република Македонија и Секторот за Внатрешни работи Охрид по повод големиот Христијански празник Велигден, до сите православни верници упатуваат искрени честитки за среќно и долговечно празнување на Христовото Воскресение.

„Посакуваме, столбот на нашата вера Велигден, да ги исполни нашите домови и семејства со здравје, среќа, со чиста мисла, почит и толеранција кон сите наши сограѓани.

Како служба, длабоко сме убедени дека со единство и заедничка верба во поубава иднина, градиме стабилна, безбедна и демократска држава што  се темели на целосно почитување и унапредување на основните човекови права и слободи и на вистинските вредности  во општеството.

Блискоста со сите граѓани, законитоста, професионализмот, транспарентноста и отчетноста се основните постулати врз кои почива работата на службата  во изградбата на стабилен безбедносен систем што успешно ќе се справува со  новите безбедносни предизвици.

За многу години Велигден, Христос воскресе“. – стои во честитката од Секторот за Внатрешни работи.