Велгоштанец со остар предмет повредил лице од Охрид

На 06.05.2013 година, околу 03:00 часот, во Охрид на плажата „Кадмо“, Н.Б. (23) од с.Велгошти  со употреба на остар премет му нанел повреда во пределот на стомакот на М.Р. (18) од Охрид. Истиот заради укажување на лекарска помош е пренесен во Медицинскиот центар во Струга, а Н.Б. е приведен во ПС Охрид и во тек се мерки за целосно расчистување на случајот.