Со владина помош ќе се унапредува туристичката понуда во Струга

Реализирање на повеќе проекти за унапредување на туристичката понуда во Струга, договорија министерот за Економија Вањон Сарачини и градоначалникот Зијадин Села за време на работната посета на општина Струга.

Министерот Сарачини му ја претстави на градоначалникот Села владината програма за поддршка на општините. Градоначалникот, пак, му се заблагодари за посетата и понудената поддршка и изјави дека ќе оствари тесна соработка за подобрување на животниот стандард на стружани, и подобрување на условите за пречек на туристите.

Сарачини и Села се сретна и со туристички работници од струшкиот регион кои ги запознаа со мерките што можат да им бидат од корист за зголемување на бројот на туристи во Струга. Сарачини им ја презентираше владината мерка за субвенционирање на тур-операторите кои зависно од каде носат туристи добиваат субвенции во вредност од 20 до 65 евра за секој турист што ќе го донесат од странство.