Бразилските геолози ја пронајдоа Атлантида?

Бразилските геолози изјавија дека на југот од Атлантикот, на 1500 километри од брегот од Рио де Жанеиро, пронашле карпа која би можела да биде дел од Атлантида, континентот кој потонал при раздвојувањето помеѓу Африка и Јужна Америка.

Роберто Вентура Сантос, водач на тимот од Геолошката служба од Бразил, при анализа на океанското дно, пронашол примерок од гранит, карпа која може да се најде само на континент, а не во море, верува дека тоа би можело да биде доказ за постоење на древната Атлантида.

„Тоа би можело да биде бразилска Атлантида, скоро сме убедени во тоа, но потребни се тоа да го поткрепиме со нови докази“, вели Сантос.

Минатиот месец, група од бразилски и јапонски истражувачи вршеле геолошки истражувања долж бразилското крајбрежје. Врз основа на тие анализи, тие веруваат дека целото подрачје би можело да е дел од Атлантида.