Честитка до рускиот претседател Путин по повод Големиот празник на Руската Федерација – Денот на победата

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати честитка до Н.Е. г. Владимир Путин, Претседател на Руската Федерација, по повод Големиот празник на Руската Федерација – Денот на победата. 

„Почитуван господине Претседателе,

Ми претставува особена чест и задоволство, по повод Големиот празник на Руската Федерација – Денот на победата, од името на граѓаните на Република Македонија и од свое име, да Ви упатам срдечни честитки и искрени желби за просперитет на Вашата земја и за благосостојба на пријателскиот руски народ.

Во оваа свечена пригода сакам да го изразам задоволството од досегашниот успешен развој на билатералните односи меѓу Република Македонија и Руската Федерација. Убеден сум дека соработката и во иднина ќе продолжи да се развива во духот на воспоставеното пријателство и меѓусебно разбирање.

Длабоко сум уверен дека во претстојниот период нè очекува уште поуспешна и поплодна соработка во сите сфери од заемен интерес, посебно во економскиот и енергетскиот сектор, културата и туризмот. Уверен сум дека со личен ангажман ќе дадеме придонес во таа насока.

Ваша Екселенцијо, уште еднаш, Ве молам да ги примите изразите на моето високо почитување и да ги пренесете честитките до Вашите граѓани“. – стои во честитката од претседателот Иванов упатена до неговиот руски колега, Путин.