Европјаните ќе патуваат, без оглед на економската криза

И покрај економската криза, Европјаните патуваат се повеќе, а Германија стана најголема туристичка сила во Европа.

Туристите од Европа минатата година оствариле 534 милиони патувања, од кои 355 милиони се во Европа. Оваа година се очекува пораст од 2%, додека пак бројот на американски туристи се очекува да биде на исто ниво.

Оваа година за прв пат, од Азија се очекуваат повеќе туристи отколку од Америка, додека пак руските туристи се оние кои најмногу трошат. Поради тоа, повеќето европски земји се спремаат за овие туристи, се обучуваат водичи, а се преведуваат и брошури на кинески, руски, индиски и потругалски.