Се уредува зеленилото на јавните површини во општина Охрид

Од денес Локалната самоуправа започна со акција за расчистување на зеленилото од јавните површини и кастрење на дрвјата и грмушките.

„Работиме на неколку локации во градот, една од локациите е патот помеѓу населените места Видобишта и Велгошти кој имаше ургентна потреба да се исчисти. Понатаму се работи во стариот дел од градот на потегот од црквата Каменско до Горна Порта. Со ваквите акции уверени сме дека на градот ќе му дадеме еден поинаков лик“, – истакна секретарот Димитар Спасески.

Овие споменати активности се наменски, додека тековните активности на ЈП „Охридски Комуналец“ за средување и одржување на јавните површини на територијата на општина Охрид продолжуваат и понатака.

Во акцијата ангажирана е наменска група од 100 вработени лица во јавните претпријатија и вработените во ЈП „Охридски Комуналец“ кои со секојдневните работни задачи учествуваат во средувањето на градот.

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ во соработка со другите општински јавни претпријатија работи и на средување на просторот од спортската сала „Билјанини Извори“ до Св. Стефан и пешачката патека кон Горица и каналот Студенчишта.

Akcija2