Балканско првенство во џудо за кадети и јуниори – Охрид 2013

Во сабота, 18 мај, во 16:30 часот во спортската сала „Билјанини извори“ свечено ќе биде означен почетокот на Балканското првенство во џудо за кадети и јуниори – Охрид 2013 година.

Борбите во категорија – Кадети ќе се одржат на 18.05.2013 година со почеток во 10:00 часот, а во категорија јуниори ќе се одржи на 19.05.2013 со почеток во 10:00 часот, во спортската сала „Билјанини Извори“.

Натпреварувањата може да ги проследат сите граѓани и љубители на спортот, влезот е слободен.