Трансфер на Даниел Мојсов во Бран

Македонскиот дефанзивец Даниел Мојсов направи трансфер во норвешкиот клуб Бран Берген.

„Дојдов во голем клуб каде што има големи амбиции, се надевам дека со моето потпишување на договорот ќе ги оствариме, како што замислуваат и големите луѓе во клубот“. – изјави Мојсов.

Во интервју за официјалната веб-страна на Бран,  Мојсов одговори на неколку прашања, а едно од нив беше за неговата позиција на теренот: „Па добро, јас сум централен дефанзивец и мојата позиција дозволува често да одам на противничката половина и да одиграм некои завршни пасови“.

На прашањето кои се неговите амбиции во Норвешка, Мојсов одговори: „Се знае, амбициите на Бран во оваа сезона се на највисоко можно ниво, во првите три екипи на табелата. Мислам дека ќе ги оправдам сите очекувања во овој клуб и сите ќе бидеме задоволни“.

Мојсов иднината на неговата кариера ја гледа во некој уште-поголем клуб: „Како што дојдов во овој голем клуб, мислам дека за една година, година и пол ќе одам во уште поголем клуб.“

WebOhrid