Наставниците на протести во петок, а можен е и генерален штрајк

Советот на СОНК на вонредната дводневна седница која штотуку заврши, како што  и се очекуваше  ги разгледа  состојбите во образованието и игнорантскиот однос на Министерството за образование и наука во врска со неодамна поднесените синдикални барања и едногласно одлучи:

Доколку на итната закажана средба со надлежните утре во 16:30 не се одговори позитивно на Барањата, Советот на СОНК ќе ги повика сите свои членови во петок, на 24 мај, на денот на Просветителите масовно да се вклучат на Протестите пред Министерството за образование од каде ќе се упатат уште еднаш, овојпат, ултимативно, оправданите и праведни  Барања од страна на СОНК,  а  во име на сите вработени во образованието, и  ќе се закаже генералниот штрајк  како крајна изнудена мерка која е загарантирана со Законите и  Уставот на Република Македонија!

Да потсетиме  на  барањата кои  Советот на СОНК им ги достави на МОН, БРО  и МТСП: 

 Б А Р А Њ А

1. Министерството за образование и наука под итно, а најдоцна до 17-05-2013 год. да ги повлече правилниците за начинот на проверување на објективноста на наставникот за основно и средно образование, објавени во Сл. Весник бр. 62 од 26-04-2013 год.  се додека не бидат отстранети сите причини за револт на наставниците. (Потсетуваме на договорот на 9-та Седница на Советот на СОНК одржана во  Струга,  каде што беше договорено со министерот за образование и наука за заедничка активност при носење на закони или акти што се особено важни во делот на економско – социјалната положба на вработените во образованието и науката.)

2. СОНК и МОН  веднаш да ги продолжат преговорите за склучување на Колективен договор за високо образование и наука.

3. Да започнат преговори помеѓу СОНК и МОН  за корекција на основната плата во делот на образованието.

4. Министерството за труд и социјална политика и СОНК итно да потпишат Спогодба со која ке се утврди датумот на започнување на примената на Колективниот договор за детска заштита во делот на плати.

в.  СОНК бара исплатата да започне од септември 2013год со динамика која ќе биде договорена помеѓу потписниците.

в.  Доколку од објективни причини тоа не е можно , бараме исплатата да по започне во целост од 01-01-2014год.

5. МТСП веднаш да започне со трансформација на работните договори согласно Спогодбата од 2008 год.

6.СОНК и министерството за култура итно да продолжат со преговорите за склучување на нов колективен договор за култура и потпишување на истиот најдоцна до почетокот на  септември 2013 год.

WebOhrid / текст: Дим Дон