Извлечен џекпот од 590 милиони долари

Добитно ливче со џекпот вреден 590 милиони долари е продадено на Флорида. Директорот на американската лотарија, Синди О’Конел, изјави дека добитникот на џекпотот „Powerball“сеуште не е познат.

Овој џекпот го надмина претходниот од 587,5 милиони долари од ноември минатата година. Најголемиот џекпот во историјата на САД изнесува 656 милиони долари и е освоен на лотаријата „Mega Millions“ во март 2012 година.