На продажба 500 приватни острови ширум светот

Во светот моментално на продажба се ставени околу 500 приватни острови, по различни цени во зависност од типот, положбата, површината и објектите.

Веб-страната „Private Islands“ и оваа година објави каталог со приватните острови кои моментално се наоѓаат на продажба, а дел од тие острови можат и да се изнајмат.