Мрсната храна предизвикува замор?

Истражувањето на американските научници од „Penn State College of Medicine“, го поврзува конзумирањето на мрсна храна со чувството на замор.

Резултатите на ова истражување се базираат врз следењето на триесетина лица со нормална тежина на возраст од 18 до 65 години.

Најголем дел од користењето на мрсна храна бил поврзан со поспаност преку целиот ден и потешкотии при концентрација. Наспроти тоа, поголемо внесување на јаглехидрати овозможува лесно одржување на концентрацијата.

Некои претходни истражувања го поврзуваат големото користење на масти во исхраната со зголемен ризик од болести на срцето и некои облици на рак.