Акција за кабаст отпад „Гоце Делчев“ (бараки) на 25-ти мај

Ј.П. „Охридски Комуналец“ -Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека на ден 25.05.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.)  во населба „Гоце Делчев“ (бараки).

Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат.