Во вторник во Охрид концерт „Радост моја, Христос Воскресе!!!“

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид во вторник, 28 мај ќе се одржи концертот, „РАДОСТ МОЈА, ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!!!“- авторски проект на м-р Марјан Јанкоски.

Учесници на концертот: Марјан Јанкоски (автор, кавал, тамбура), Музички состав „Портал“, Ангеле Михајловски (пијано), Сашко Петрев (тамбура), Стојанче Наумовски (виолончело), Елена Владимирова (виолина, псалт), Драгана Трифуновиќ (виолина), Класа за народни инструменти од Факултетот за музичка уметност, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип (проф. м-р Марјан Јанкоски) и Специјален гостин: Раде Рогожаров (рецитатор, актер).

Концертот ќе се одржи во големата сала со почеток во 20:00 часот, влезот е слободен.