Дабар уби рибар во Белорусија

Еден белоруски рибар сакал за спомен да се фотографира со дабар, но дабарот го нападнал 60 годишниот рибар со своите заби и му ја прегризал главната артерија на ногата, по што рибарот искрвавил до смрт. Иако неговите пријатели се обиделе да го спасат, кога стигнале до најблиската ординација, докторот можел само да констатира смрт.

Немилиот настан се случил во близина на белоруското село Остромечево, а овој напад е најсериозен од повеќето кои се случиле на овие простори каде дабарите стануваат се поагресивни кон луѓето, а често можат да се сретнат во близина на куќите, училиштата и болниците.