Прва инвестиција на турската компанија Рамстор во Охрид

Градоначалникот Никола Бакрачески денес оствари средба со генералниот директор на турската компанија „РАМСТОР“, Ибрахим Кесемен. На средбата беа разгледани деталите за свеченото отворање на новиот маркет во Охрид на 12 јуни во 11 часот во комплексот Летница.

Ова е прва инвестиција на оваа турска компанија со која ќе се отворат триесеттина нови работни места. Во иднина планирано е отворање и на уште седум нови маркети од ланецот на турската компанија „РАМСТОР“ што претставува одлична можност за нови вработувања во Охрид.

Sredba_Ramstor_Gradonacalnik_juni_2