Даниел Ивановски ново име за натпреварот против Норвешка

Македонската „А“ репрезентација в петок во 12:00 часот во хотелот „Александар Палас“ ќе има собир пред почетокот на подготовките за дуелот со Норвешка на 11 јуни. За контролниот натпревар во Осло, селекторот на нашата репрезентација Чедомир Јаневски дополнително го повика фудбалерот на Мјалби, Даниел Ивановски.

Од играчите кои беа на списокот за скандинавската турнеја, а не играа против Шведска, на подготовките во Скопје ќе се приклучат Бобан Грнчаров, Величе Шумуликовски, Душан Савиќ и Адис Јаховиќ. Натпреварот против Норвешка поради повреда ќе го пропуши Ванче Шиков, од истата причина неивесно е патувањето и настапот во Осло на Даниел Георгиевски и Дарко Тасевски. Стефан Ристовски и Александар Трајковски се на подготовки за младата репрезенетација која в сабота има настап против Азербејџан од квалификациите за ЕП. Селекторот Јаневски веќе најави дека Николче Новески нема да биде дел од тимот за пресметката против Норвешка со оглед на големиот број натпревари кои ги одигра сезонава.

Првиот тренинг репрезентацијата на Македонија ќе го одработи в петок во 18:30 часот на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, в сабота репрезентативците ќе тренираат во 10:30  часот.