Гром уби 27 лица во Индија

27 лица, меѓу кои 6 деца загинаа вчера при удар на гром во источната индиска држава Бихар.

Во вторникот беа регистрирани 22 смртни случаи, а вчера уште 5 лица загинаа за време на предмонсунските дождови, изјави Рену Кумари Кушваха, министерката за вонредни состојби во Бихар.

Ударите од гром се прилично чести за време на периодот на монсуните, од јуни до септември. Најизложени на опасност се селаните кои живеат во куќи од бамбус и трева.

Монсуните најчесто предизвикуваат поплави во Бихар, а според метеоролозите, таква закана се предвидува и оваа година.