Народен Театар Охрид со „Малограѓанска Свадба“ вечерва на „Чернодрински“

Народен Театар Охрид и оваа година ќе учествува на реномираниот македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп кој се одржува по 48-ми пат. 

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ е конституиран 1965 година на иницијатива на Здружението на драмските уметници од Република Македонија. Фестивалот го носи името на основоположникот на македонската драма – Војдан Чернодрински, драмски автор, актер и режисер. Традиционално секоја година се одржува во градот Прилеп во почетокот на месец јуни.

Театарот од Охрид ќе се претстави со претставата „Малограѓанска Свадба“ од Бертолд Брехт, во режија на Дејан Пројковски. Учевствуваат актерите: Петар Мирчевски – таткото на невестата, Горан Стојановски – Јакоб, младоженецот, Јасмина Билаловиќ – Марија, невестата, Јулијана Стефанова – Мајката на младоженецот, Адријана Билаловиќ – Ина, сестра на невестата, Ивица Цонев – Пријател на младоженецот, Билјана Билаловиќ – Еми,жената, Стрезо Стаматовски – нејзиниот маж и Никола Тодороски – Ханс Милднер, младичот. Музиката е на Горан Трајкоски, свират Даниел Чуркоски – клавир, Ѓоко Алоски – труба и хармоника и Даниел Танески – кларинет.  Инспициент и организатор е Филип Ангеличин – Жура, а останатиот дел од екипата се: Владо Ѓорески – Рафик  сценограф, Благој Мицевски костимограф, Зоран Левески светло мајстор, изработка на сценографија Предраг Јовановиќ-Бато и Номче Џулески, Борис Велјаноски реквизитер и Деса Лазоровска гардеробер.

Претставата „Малограѓанска Свадба“ влегува во официјалната програма на фестивалот во конкуренција со најдобрите претстави од останатите театри за минатата година.