Нестле и Марс обвинети за местење на цените во Канада

Прехранбените гиганти Нестле и Марс и нивната мрежа на продажба во Канада, се обвинети за местење, односно нереално зголемување на цените на нивните производи.

Нестле и Марс ќе платат 10 милиони долари казна, доколку се докаже дека манипулирале со цените во периодот од 2002 до 2008 година на чоколади од брендовите: Kit Kat, Coffee Crispy, Aerо, Twix, Snickers, Bounty и M&M.

Нестле на почетокот од оваа година, заедно со уште 10 други компании, се казнети со 60 милиони евра за слично манипулирање со цените во Германија. Марс ја избегна таа казна, бидејќи соработувале со германските власти.