И виното во лименки

После пивото и соковите, дојде време и за вино во лименки. Оваа идеја ја добила француската фирма „Winestar“ која на пазарот промовира три видови на вино.

Освен во лименки, вино во „мал формат“ ќе може да се најде и во тетрапак, особено од поевтини сорти.

За некои љубители на виното, скандалозно е виното да се става во иста амбалажа како соковите и пивото. Но, „Winestar“ им укажува дека нивната технологија, која е плод на долгогодишни истражувања, овозможува виното да се изолира од алуминиумот, благодарение на специјалниот слој со кој е обложена внатрешноста на лименката.

Цената на ова вино е 2,5 евра за една лименка. Едно пакување од 24 лименки по 187 милилитри изнесува 59 евра.