Две жртви при експлозија во фабрика за пиротехника во Канада

Две лица загинаа при експлозија во фабрика за пиротехнички средства во близина на Монтреал, Канада.

Експлозиите се слушнале на оддалеченост од неколку километри, а фабриката целосно е уништена. Во гаснењето на пожарот учествувале 150 пожарникари.

Причините за експлозијата не се познати, а десетина работници биле евакуирани. Поради експлозијата затворен бил и автопатот кој ги поврзува Монтреал и Торонто, како и железничката линија Монтреал-Отава.