Канческа-Милевска утре во работна посета на Охрид

Mинистерката за култура Елизабета Канческа-Милевска утре ќе оствари работна посета на Охрид, каде ќе се сретне со директорите на националните установи од областа на културата во овој град, како и со градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески.

По средбата, Канческа-Милевска и Бакрачески ќе ја посетат Куќата на Ајри Доко (лоцирана во стариот дел на градот), каде е завршена третата фаза од конзервација на овој значаен споменик на културата, по што ќе се упатат кон Куќата на Бојаџиеви (лоцирана во непосредна близина на Античкиот театар) каде е завршена реконструкцијата на фасадата на овој автентичен примерок на стара градска охридска архитектура.