Утре ќе се одржи турнир во ракомет за жени – генерација 2000/2001

Во организација на Ј.П. Билјанини Извори – Охрид и ракометната школа Моби Дик Охрид, утре (недела) во спортската сала Билјанини Извори ќе се одржи турнир во ракомет за жени генерација 2000/2001. На натпреварот ќе учестуваат 8 ракометни екипи составени од ракометните школи на Моби Дик и Кичево заедно со женскиот ракометен клуб Металург од Скопје.

Натпреварите ќе започнат во 10:00 часот и ќе траат до 17:00 часот.

За првопласираните три екипи организаторите обезбедија пехари.

Ј.П. Билјанини Извори ги поканува сите љубители на ракометот да присуствуваат на овој настан за почеток на една нова традиција, организација на турнир во ракомет за жени.