Автобус падна во Морача, 16 мртви

Во тешка сообраќајна несреќа која се случила на магистралниот пат Подгорица-Колашин во Црна Гора, 16 лица го загубија животот, додека пак 31 се повредени. Несреќата се случила околу 17 часот кога автобусот со романски регистарски таблички паднал во кањонот Морача. Повредените лица со десетина возила на брзата помош биле префрлени во Клиничкиот центар во Подгорица.

Амбасадорот на Романија во Црна Гора, Михаил Флорич изјавил дека сите жртви и повредени патници се романски државјани.

Во автобусот во моментот на несреќата се наоѓале 46 патници. Несреќата се случи во близина на манастирот Морача, на мостот наречен Грло.