Исчезнаа 1,2 милиони долари од швајцарски авион

Според изјавите на ФБИ – Американското Федерално биро за истражување, по слетувањето на авионот од швајцарскиот „International Air Lines“ на аеродромот „Џон Ф. Кенеди“ утврдено е дека недостасуваат 1,2 милиони долари. Исчезнатите пари биле во банкноти од по 100 долари, соопштија претставниците од ФБИ.

Се истражува дали парите се исчезнати пред полетувањето, уште на одделението за багаж на аеродромот во Цирих, или при слетувањето во Њујорк.

Швајцарскиот авио-превозник сеуште не го потврди овој случај и одби да коментира во интерес на истрагата која е во тек.