Рекордна температура во Москва

Во Москва вчера беше регистрирана највисока температура од 31,4 °С што претставува рекорд во последните 100 години за овој период од годината.

Метеоролошкиот центар „Фобос“ соопшти дека температурата 31,4 °С е највисока за овој датум, 27 јуни, уште од 1911 година. За денес метеоролозите најавуваат уште потопол ден.

Жешкиот бран ја погоди Москва уште во понеделникот, а температурата измерена во текот на оваа недела е за 8 степени поголема од вообичаената за овој период од годината.