Турција ќе стане најголем увозник на руски гас

Турција може да стане најголем купувач на руски гас и да ја надмине Германија која моментално се наоѓа на првото место, изјави шефот на Гаспром, Алексеј Милер.

Турција е заинтересирана за зголемување на купувањето на руски гас, првенствено заради зголемените потреби, а и поради недоволната испорака од страна на другите добавувачи.

Според прогнозите, тоа би можело да биде пораст од околу 20%. За руските компании турскиот пазар за гас има најдинамичен раст. Неодамна Турција се искачи на второто место според увозот на гас од Гаспром, и сега се наоѓа веднаш зад Германија.

Гаспром во најскоро време може да ги достигне максималните годишни договорни обврски за испорака на гас на Турција, што изнесува 30 милијарди кубни метри гас годишно.

Моментално Турција добива руски гас преку „Синиот Ток“, и преку балканските земји. Покрај Русија, на Турција гас и испорачуваат и Азербејџан и Иран, додека пак течен природен гас Алжир, Нигерија и Катар.