Граѓаните можат да пријават неправилности и сугестии во врска со јавниот паркинг

Во тек е почетокот на летната туристичка сезона во Охрид, а со тоа и зголемување на обемот на работа на јавниот паркинг простор во централното градско подрачје со кој стопанисува Ј.П. „Билјанини Извори“ – Охрид.

За  таа цел, Ј.П. „Билјанини Извори“ – Охрид ги информира сите граѓани дека можат да пријават неправилности, поплаки, сугестии како и неиздавање на фискална сметка од страна на вработените на јавниот паркинг на телефонскиот број 078/313-270 (Зоран Стевоски).

Претпријатието одлучи да користи ваков начин на комуникација со корисниците на услуги со цел да се надминат евентуалните проблеми, да се подобри квалитетот на услугите кои што ги нуди и кои се во надлежност на Јавното претпријатие.