Волк одгриза прст на дете во зоолошка во Белград

Деветгодишно дете е повредено во зоолошката градина во Белград, вчера околу 13 часот, кога волк му одгризал дел од средниот прст на левата рака. Детето веднаш било пренесено со брза помош во болница, каде му била укажана лекарска помош.

Според директорот на зоолошката градина, кај кафезите стои табла со предупредување дека станува збор за опасни животни. Детето го искористило моментот кога неговите родители го испуштиле од вид, ја преминало заштитната ограда и така дошло до кафезот каде пуштило рака за да ги погали животните.