Преку новите летоци на Општина Охрид – информирани даватели на услуги и нивни корисници

Во согласност со планираните рокови, заклучоците и одлуките кои беа донесени со цел решавање на проблемите и недостатоците во туристичката дејност во Охрид, а чиј што многу важен дел беше подготовката на информативни летоци за сите корисници или даватели на услуги во туризмот, Секторот за туризам и локален економски развој започна со дистрибуција на информативен материјал. 

Се работи за три различни информативни летоци од кои првиот се однесува на ТУРИСТИТЕ И ПОСЕТИТЕЛИТЕ, вториот леток содржи информации за СТАНОИЗДАВАЧИТЕ И ГОСТИТЕ ВО ПРИВАТНОТО СМЕСТУВАЊЕ, нивните права и обврски и леток кој се однесува исклучиво за СТРАНСКИТЕ ГОСТИ кои се сместени на Охридското крајбрежје.

Секој од овие три летоци е отпечатен двострано и  двојазично на МАКЕДОНСКИ и  АНГЛИСКИ ЈАЗИК.

Дистрибуцијата на материјалите ќе се врши континуирано и преку посебно испланирани активности со што ваквите информации би ја постигнале планираната цел, а тоа е ИНФОРМИРАНИ ДАВАТЕЛИ НА УСЛУГИ И НИВНИ КОРИСНИЦИ и секако воведување на поголем ред во туристичката дејност се во интерес на идниот туристички развој на Охрид.

TLER flaer1mk TLER flaer1en

TLER flaer2mk TLER flaer2en

TLER flaer3mk TLER flaer3en