По втор пат во Куратица започнува „Starfire“ фестивалот

По втор пат, во Куратица под отворено небо на 1400 мнв под планинскиот масив Мазатар од денеска  започнува „Starfire“ фестивалот. Официјалниот дел на забавата ќе започне од 21 часот и ќе трае се до утринските часови.

Целта и идејата за организирање на ваков тип на фестивал е присутните максимално да се опуштат од секојдневниот урбан живот (брзото темпо на живеење ) и да го почуствуваат чистиот возух и секако како што самиот слоган кажува да бидат „ПОБЛИСКУ ДО ЅВЕЗДИТЕ“.

Веќе е поставена целата опрема, од обезбедување на струја (агрегат), озвучување, уредување на просторот, пристапниот пат, како и обезбеден превоз од Куратица до настанот за тие што немаат сопствен превоз. За тие што сакаат да преноќеваат, определено е место за спиење во шатори. Влезот е слободен.